Дваесетминутен прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид, кај Врбјани
- На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани денеска поради изведување на градежни работи на пат - минирање во период меѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин
Скопје, 2 март 2021 (МИА) - На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани денеска поради изведување на градежни работи на пат - минирање во период меѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 15 до 20 минути.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/лв/