• понеделник, 23 декември 2024

Дваесетгодишен скопјанец усмрти 54-годишен пешак на автопатот Скопје-Куманово

Дваесетгодишен скопјанец усмрти 54-годишен пешак на автопатот Скопје-Куманово

Скопје, 19 август 2023 (МИА) - Дваесетгодишниот скопјанец Џ.И. со живеалиште во Швајцарија, синоќа, во 20: 43 часот, на автопатот Скопје-Куманово, со возило „ауди“ го удрил 54-годишниот Г.С. кој починал на самото место.

- На 18.08.2023 во 20.43 часот во скопското СВР било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од главниот град, скопјанецот Џ.И.(20), со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с. Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, известуваат од МВР.

Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје. ир/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан