• сабота, 23 ноември 2024

Поддршка за извоз и пристап до европски пари, настапи на саеми и обуки за над 6 500 компании преку проектот „Поддршка од ЕУ за КИФ ЗБ6“

Поддршка за извоз и пристап до европски пари, настапи на саеми и обуки за над 6 500 компании преку проектот „Поддршка од ЕУ за КИФ ЗБ6“

Приштина, 6 јуни 2023 (МИА) - Организирани три инвестициски конференции во Белград, Љуљана и Хановер за презентација на предностите на вложување во регионот, бесплатни заеднички настапи на саеми и бесплатни обуки и информативни денови за домашни компании со цел развој на регионалната соработка, креирана база на податоци за потенцијални добавувачи од Западен Балкан за преку 2 100 компании од автомобилска индустрија, електрониката и земјоделството, како и база на податоци за извозниците за пласирање на нивните производи на европскиот пазар, обезбедена професионална поддршка на фирми кои сакаат да извезуваат во Германија, Франција, Словачка или Италија и техничка поддршка за пристап до средства од ЕУ и други извори на финансирање.

Ова се само некои од придобивките што ги овозможи проектот „Поддршка од ЕУ за КИФ ЗБ6“ за компаниите од Западен Балкан. Проектот вреден над 2,8 милиони евра, почна на 19 декември 2019 година и официјално ќе трае до 30 јуни 2023 година. Зголемување на прекуграничната деловна соработка во Западен Балкан и поддршка на развојот на приватниот сектор преку промовирање можности за пристап до финансии, се неговите клучни цели.

Во четвртиот квартал од 2019 година во земјава имало вкупно 502.657 вработени и 9.053 слободни работни места, од кои најголем број  3.114 во петтата група на занимања - Работници во услужни д

Како што беше истакнато на денешната завршна конференција во Приштина, во рамки на проектот се изготвени и неколку студии: за туризмот по корона епидемијата, за движењето на работниците без работна дозвола, за електронското фактурирање, за демографската криза со акцент на младите и за можностите на пазарните ниши во регионот. Врз основа на овие студии се дадени препораки до надлежните носители на одлуки и компании од Балканот.

-Претходните три години во рамки на проектот се развиени голем број бесплатни услуги или активности во кои учествуваа повеќе од 6 500 компании од сите шест економии на Западен Балкан. Главните цели на проектот беа зголемување на прекуграничната деловна соработка во Западен Балкан преку подобрување на регионалната правна и политичка рамка и олеснување на директната соработка преку услуги за поддршка што ги обезбедуваат коморите, како и поддршка на развојот на приватниот сектор преку промовирање можности за пристап до финансии за развој на различни видови бизниси и пазарни ниши, но и преку обезбедување услуги за поддршка за градење конкурентност, особено за малите и средни претпријатија, истакнаа учесниците на конференцијата.

Проектот посветил посебно внимание на следењето на ставовите на компаниите кога станува збор за регионалната соработка.

-Спроведуваме годишно истражување на компаниите за постоечките пречки и напредок кога станува збор за четирите слободи: движење на стоки, услуги, капитал и луѓе. Сите добиени податоци ги споделуваме со носителите на одлуки во регионот, но и со Европската комисија. Во текот на проектот ја формиравме деловната платформа „ЕУ ЗБ6“ преку која домашните компании ги презентираат своите ставови и предлози до надлежните дирекции во Европската комисија, беше речено пред присутните.

Брисел итно да донесе одлука со која на Западен Балкан ќе му овозможи да стане дел од единствениот европски пазар. Нема причина тоа да не се случи веднаш или многу брзо, догодина или најдоцна

На првиот панел, насловен Позитивно влијание на „Поддршка на ЕУ за Комората за Западен Балкан 6 Инвестициски форум“, зборуваа претседателите на стопанските комори на Србија и Косово, Марко Чадеж и Лулзим Рафуна, претседателот на Сојузот на стопански и индустриски комори на Албанија Инес Муцостепа, потпретседателот на Стопанската комора на Црна Гора Никола Вујовиќ, како и заменик-генералниот секретар на надворешната трговска комора на БиХ Мирко Бошковиќ.  

Вториот панел е резервиран за компаниите кои се осврнаа на придобивките од проектот.

Конференцијата ќе биде заокружена со излагање на генералниот секретар на КИФ, Татјана Штерјова Душковска. мч/лв/

 

 

Остани поврзан