• вторник, 24 декември 2024

Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани

Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани

Њујорк, 4 јануари 2024 (МИА) - Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што, доколку биле објавени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година.

-„Да го кажев тоа што го знам за двајцата кандидати, тие ќе ги откажеа изборите“ - тоа ми го кажа Џефри во 2016 година, изјави вчера Марк Епстајн за Њујорк Пост, потсетувајќи се на разговорот што го имал со неговиот брат за трката меѓу Трамп и Клинтон за претседател во 2016 година.

Сепак, инвеститорот Марк (69) одби да даде повеќе детали, велејќи дека неговиот брат никогаш не му открил што знаел за кандидатите во тоа време.

Трамп летал со приватниот авион на Епстајн седум пати во 1990-тите, патувајќи од Палм Бич, Флорида до Њујорк.

Не се знае дека Хилари била пријателка со Епстајн, но нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, е пријател со Епстајн од 1993 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Џефри Епстајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во 2019 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан