• среда, 27 ноември 2024

Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори, очекуваме првичните резултати да бидат на 8 мај пред полноќ

Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори, очекуваме првичните резултати да бидат на 8 мај пред полноќ

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) – Државната изборна комисија е подготвена за претстојните избори, утре и задутре ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, а првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш.

На прашањето дали се крши приватноста со тоа што гласачите ќе бидат прашани дали се дојдени да гласаат за парламентарни или претседателски избори пред набљудувачите присутни на гласачкото место, Даштевски одговори дека тоа не е во делот на тајност.

-  Јас за тоа не можам да одговорам бидејќи ние се занимаваме за спроведување на избори а не со притисок. Упатството е донесено повеќе од месец дена. Беше тоа сериозна дебата и се заклучи така. Тоа што се заклучило мора да се спроведе, рече тој.

Дополни дека очекува овој пат одбројувањето на гласовите да се одвива побрзо, а првичните резултати да бидат објавени пред полноќ.

- Ќе се одвива брзо, побрзо од првиот круг, но, ќе се објавува побавно бидејќи има две броења во кои ќе учествуваат сите заедно, рече тој.ар/аа/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан