• среда, 25 декември 2024

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија

Белград, 14 февруари 2023 (МИА) - Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску.

Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија со помош на саботери од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, Дачиќ го известил Попеску дека Србија и Молдавија се пријателски земји и дека секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијален интегритет, соопшти МНР на Србија. 

Дачиќ изјави дека Србија затоа бара од молдавските власти да достават какви било информации за претпоставките до нејзините безбедносни служби и додаде дека Белград ги бара сите информации за тоа „за да спречи некој од Србија да учествува во вооружени и насилни акции насекаде во светот“, што е строго казниво“ според српските закони, се вели во соопштението. паг/

Остани поврзан