• вторник, 26 ноември 2024

Дачиќ го осуди обидот за упад во Националното собрание на Србија

Дачиќ го осуди обидот за упад во Националното собрание на Србија
Белград, 7 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека партијата го осудува, како што изјави, „хаосот, инцидентите и насилниот упад во Националното собрание“. - Нема никаква дилема дека ова е реакција на опозицијата на повикот (на српскиот претседател Александар Вучиќ) за единство во борбата против коронавирусот и во однос на државните предизвици со кои ќе се соочи Србија. Во Собранието се влегува преку избори, а не преку улица. Со ова и се нанесува штета на Србија во целина, но се загрозуваат и животите на луѓето, рече Дачиќ. јт/

Остани поврзан