• петок, 21 февруари 2025

Даунинг стрит: Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Даунинг стрит:  Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Лондон, 17 февруари 2025 (МИА) - Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер на „Даунинг стрит“ потврди дека тој ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела, јави ДПА.

Портпаролот на премиерот рече дека за време на неговата прва посета на Вашингтон откако Трамп ја презеде функцијата, Стармер ќе се обиде да ги „продлабочи специјалните односи“ меѓу Обединетото Кралство и САД.

„Премиерот со нетрпение очекува наскоро да се сретне со претседателот Трамп за да разговара за тоа како можеме да ги продлабочиме нашите посебни односи во трговијата, инвестициите и безбедноста“, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Минатата недела американскиот претседател рече дека се радува на „пријателска и многу добра средба“ со британскиот премиер. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан