Данска, ако дозволат САД, ќе и донира на Украина авиони Ф-16
- Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен денеска изјави дека Копенхаген може да ѝ донира борбени авиони на Украина, но само доколку САД дадат зелено светло

Копенхаген, 17 јуни 2023 (МИА) – Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен денеска изјави дека Копенхаген може да ѝ донира борбени авиони на Украина, но само доколку САД дадат зелено светло.
На Украина и се потребни авиони, повеќе од кога било, ако сака да ја добие битката. Ова важи и за данските борбени авиони Ф-16, истакна Поулсен.
Данска има 43 авиони Ф-16, од кои 30 се активни, но флотата се заменува со помодерни авиони Ф-35. ми/
фото: МИА архива