Данило го раскина договорот со Јувентус, планира да се врати во Бразил
- Бразилскиот дефанзивец на Јувентус, Данило, го раскина договорот со клубот со заедничка согласност пред неговото планирано заминување, пренесуваат медиумите во Италија.
Торино, 27 јануари 2025 (МИА) - Бразилскиот дефанзивец на Јувентус, Данило, го раскина договорот со клубот со заедничка согласност пред неговото планирано заминување, пренесуваат медиумите во Италија.
Се очекува само официјална потврда од торинскиот гигант.
Данило планира да се упати во својата татковина и да потпише со локалниот Фламенго.
Дефанзивецот беше поврзуван со трансфер во друг италијански тим, Наполи, но претпочита да се врати во Бразил од лични причини.
Разделбата со Данило ќе ги отвори вратите за потписот на Ренато Веига од Челси. дс
Фото: Архива