• сабота, 31 август 2024

Даниел Редклиф во улога на Ал Јанковиќ

Даниел Редклиф во улога на Ал Јанковиќ
Лос Анџелес, 22 февруари 2022 (МИА) - Даниел Редклиф (32) е речиси непрепознатлив како „Чудакот Ал“ Јанковиќ, на снимањето на претстојниот биографски филм под наслов „Чудакот: Приказна за Ал Јанковиќ“. Продукцијата и снимањето почнаа овој месец во Лос Анџелес. https://www.youtube.com/watch?v=lOfZLb33uCg - Не се сомневам дека ова е улогата по која идните генерации ќе го паметат (Редклиф), се пошегува Јанковиќ. Комичарот Ал Јанковиќ (62) уште од тинејџерските години „ги пародизира“ радио- хитовите, изведувајќи песни од Мајкл Џексон, Били Реј Сајрус и други ѕвезди со што стана светски познат имитатор. Засега не се знае кога филмот ќе се прикажува.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=urglg3WimHA

Остани поврзан