• четврток, 22 мај 2025

Далот се повреди, можно е да отсуствува до крајот на сезоната

Далот се повреди, можно е да отсуствува до крајот на сезоната

Манчестер, 25 април 2025 (МИА) - Повредата на листот на ногата би можела да го принуди Диого Далот да паузира до крајот на сезоната, откри менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.

Португалскиот дефанзивец е играчот кој најчесто беше дел од почетната постава на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Тој има 49 старта и вкупно 51 натпревар на сите турнири.

Аморим, исто така, увери дека ќе го искористи најсилниот можен состав за гостувањето против Борнмут во недела, без сè уште да размислува за првото полуфинале во Лигата на Европа против Атлетик Билбао. 

-Диого Далот е аут. Не знаеме колку долго ќе отсуствува, но ќе биде надвор од терените во следните неколку натпревари. Дали би можел да ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната? Постои таква можност, но засега не знам. Ќе ја проверуваме ситуацијата недела по недела. Има нешто во мускулот на листот откако одигра серија натпревари каде што играше цело време, изјави Аморим.

Додаде дека Амад Диало е блиску до враќање во игра, како и Матијс де Лихт. Што се однесува до Ејдан Хевен, тој сè уште не е подготвен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан