• понеделник, 16 декември 2024

Дали трудниците смеат да јадат мед?

Дали трудниците смеат да јадат мед?

Лос Анџелес, 20 март 2023 (МИА) - Според некои стручни мислења, децата под една година не треба да јадат мед. Тоа, како што се вели, може да има бактерии особено опасни за доенчињата, пренесува порталот „Вери вел фемили“ (Very Well Family). Но, тоа го повлекува прашањето - дали и трудниците не смеат да јадат мед?

- За среќа, ова слатко задоволство, во повеќето случаи, е сосем безбедно за Вас и Вашето неродено дете, објаснува гинекологот Брајан Левин.

Од древноста, медот се ужива како храна, но и како домашен лек за одредени болести. Причината поради којашто некои луѓе го доведуваат во прашање медот е тоа што тој понекогаш ја содржи бактеријата „Clostridium botulinum“. Таа бактерија се размножува во цревата и може да произведе невротоксини што доведуваат до ботулизам - ретка, но сериозна болест што предизвикува слабост и парализа на рацете, нозете, стомакот и дишните органи.

- Сепак, овој ризик не е опасност за повеќето деца и возрасни. Децата постари од една година и здравите возрасни - вклучително и бремените жени, можат безбедно да консумираат мед, бидејќи нивниот имунолошки систем ги штити од сите бактерии што може да ги содржи медот, појасни д-р Сенди Проктер, стручњак за исхрана и професорка на Државниот универзитет во Канзас (САД).

Сепак, со оглед на тоа дека секоја жена и секоја бременост е различна, се препорачува и одделна консултација со лекар во врска со јадењето мед.  си/

Остани поврзан