Гутереш повика на брзо испраќање мисија за поддршка на безбедноста на Хаити
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика новите власти на Хаити да го „забрзаат целосното спроведување на преодната влада“ и брзото распоредување на мултинационална безбедносна мисија на Хаити за справување со „ужасната“ ситуација, изјави денеска неговиот портпарол.

Њујорк, 25 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика новите власти на Хаити да го „забрзаат целосното спроведување на преодната влада“ и брзото распоредување на мултинационална безбедносна мисија на Хаити за справување со „ужасната“ ситуација, изјави денеска неговиот портпарол.
„Генералниот секретар ги повикува сите земји-членки да се погрижат мултинационалната мисија за поддршка на безбедноста да ја добие финансиската и логистичката поддршка што и е потребна за да успее“, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик. паг/
Фото: МИА архива