• вторник, 24 декември 2024

Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук

Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
Њујорк, 24 мај 2022 (МИА) – Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Меѓу бројните глобални закани, Гутереш ги посочи климатските промени, растечките социјални нееднаквости и ширењето на глад и болести, предупредувајќи ги американските дипломци дека светот во кој влегуваат е „полн со опасности“. - Се соочуваме со конфликти и поделби во размери што не се видени со децении. Од Јемен до Сирија, од Етиопија до Сахел и пошироко, рече Гутереш, мислејќи на конфликтот во Украина, кој според него „предизвикува големо човечко страдање, уништување и смрт“. јт/

Остани поврзан