Гутереш: Застрашувачки е билансот од пандемијата
- Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е „застрашувачка бројката“ на луѓе кои починале од последици од Ковид-19
![Гутереш: Застрашувачки е билансот од пандемијата](https://mia.mk/index.php/images/20221104212117_big_730x400_30.webp )
Њујорк, 29 септември 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е „застрашувачка бројката“ на луѓе кои починале од последици од Ковид-19.
Неговата изјава уследи откако беше објавено дека бројот на починати во светот од последици од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица. Со Ковид-19 досега се заразени над 33,26 милиони луѓе ширум светот, а од последици на Ковид-19 починаа 1.000.010 лица.
Тој нагласи дека е неопходно сите земји во светот да се обединат во борбата против новиот коронавирус.
- Важно е одговорното политичко раководство, науката е важна, соработката е важна, а дезинформациите се смртоносни. Додека се потсетуваме на жртвите од пандемијата, мораме да запамтиме дека нашата иднина се заснова на солидарноста помеѓу луѓето и на солидарноста помеѓу народите, посочи Гутереш. ми/