• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш ги повика Русија и Украина да го повлечат воениот персонал од нуклеарката Запорожје

Гутереш ги повика Русија и Украина да го повлечат воениот персонал од нуклеарката Запорожје
Њујорк, 11 август 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изјави дека многу е загрижен поради ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во јужниот дел на Украина. Тој ги повика вклучените страни да ги повлечат воениот персонал и опремата од централата и да се воздржат од какво било понатамошно распоредување на силите. - Мораме да бидеме јасни дека секоја потенцијална штета на Запорожје или на кој било друг нуклеарен објект во Украина, или каде било, може да доведе до катастрофални последици не само во непосредна близина, туку и во регионот, па и пошироко, истакна Гутереш. бд/

Остани поврзан