• петок, 22 ноември 2024

Гутереш: Вакцинацијата против Ковид-19 многу заостанува зад прогнозите на СЗО

Гутереш: Вакцинацијата против Ковид-19 многу заостанува зад прогнозите на СЗО
Њујорк, 14 јануари 2022 (МИА) - Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. - Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску до постигнување на овие цели, истакна Гутереш. Тој нагласи дека „ширењето на омикрон варијантата е мрачен потсетник дека борбата против коронавирусот мора да биде висок приоритет за светот“. - Сите земји и производители треба да постават приоритет да се обезбеди испорака на вакцини за земјите во развој преку механизмот Ковакс и да го поддржат производството на тестови, вакцини и лекови од земјите кои имаат ресурси за тоа, додаде генералниот секретар на светската организација. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан