• сабота, 14 декември 2024

Гурмански викенд во Кавадарци

Гурмански викенд во Кавадарци
Кавадарци, 14 ноември 2022 (МИА) - Дегустирање храна и пијалаци од тиквешкото поднебје, ќе понуди манифестацијата Гурмански викенд што ја организира Винскиот музеј во Кавадарци. Гурманскиот викенд се одржува прв пат, а ќе се реализира оваа сабота, на 19 ноември, под мотото „Виното - нераскинлив дел од традицијата". Повод е Месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производството на вино. -Посетителите ќе можат да уживаат во младите вина од повеќе винарии во Тиквешијата, како и да вкусат традиционално зготвена храна. Настанот ќе се одржи во прекрасниот амбиент во дворот на Винскиот музеј, збогатен со музички перформанс, информираат од Музејот. Покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци. свд/мч/

Остани поврзан