• недела, 06 октомври 2024

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести
Калифорнија, 2 април 2021 (МИА) - Гугл ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести. Гугл ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на Интернет. Како што пренесуваат странските медиуми, пандемијата на Ковид-19 и минатогодишните избори во САД предизвикаа зголемување на дезинформациите, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања. „Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција“, изјави претставникот на Гугл, Мет Бритин, во објава на блог. Фондот ќе работи пет години. Европската опсерваторија за дигитални медиуми, проект на Европската комисија формиран минатата година, кој вклучува експерти за верификација на информации и универзитетски истражувачи, ќе оценува и избира проекти. паг/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан