„Гугл“ со новости за новиот чип „Вилоу“
- Стучњаците, сепак, велат дека овој квантен чип, засега, во голема мера, е експериментален уред.
Лос Анџелес, 10 декември 2024 (МИА) - „Гугл“ го објави новости за својот нов чип за којшто, велат, би му биле потребни пет минути за да реши проблем за којшто на сегашните најбрзи суперкомпјутери би им биле потребни десет септилиони (1024) години. Новиот чип, на којшто сѐ уште се работи, е наречен „Вилоу“ (Willow) и го претставува најновиот развој на технологијата во полето на квантно пресметување.
Стучњаците, сепак, велат дека овој квантен чип, засега, во голема мера, е експериментален уред. Тоа значи дека квантен компјутер којшто ќе биде доволно моќен за да реши широк опсег на проблеми - тоа сѐ уште е далеку од готов производ.
Квантните компјутери работат на поинаков начин од системите во лаптопите или телефоните. Тие, имено, користат квантна механика за да решаваат проблеми многу побрзо од традиционалните компјутери.
Како и вообичаено, за за новиот изум постојат стравувања дека може да се користи за нечесни цели, како што е шифрирање или злоупотреба на чувствителни податоци.
Раководителот на лабораторијата за Квантна вештачка интелигенција на „Гугл“, Хартмут Невен вели дека компанијата верува во овој проект, но дека сѐ уште треба да се работи и усовршува. Според него, овој чип, способен за комерцијални апликации, нема да се појави пред крајот на ова десетлетие. си/ссм/
Фото: Јутјуб