Грчкото МНР го осуди сквернавењето на православните гробишта во Истанбул
- Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, го осуди сквернавењето на православните гробишта во областа Куртулуш во Истанбул и ги повика турските власти да преземат соодветните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 24 август 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, го осуди сквернавењето на православните гробишта во областа Куртулуш во Истанбул и ги повика турските власти да преземат соодветните мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
Според турските и грчките медиуми, православни гробишта Свети Елефтериј ѝ служат на грчката православна заедница во областа Куртулуш од 1865 година и се од верско и културно значење за православната заедница.
Од грчкото МНР соопштија дека недвосмислено го осудуваат сквернавењето, за кое сметаат дека е удар врз „сеќавањето и историјата на грчкото малцинство во Турција“.
Дополнително во соопштението ги повикаа турските власти да го сторат она што е потребно „против овој грозоморен чин“. ср/рп/