• понеделник, 23 декември 2024

Грчкото МНР го осуди нападот врз свештеникот во Лион

Грчкото МНР го осуди нападот врз свештеникот во Лион
Атина, 31 октомври 2020 (МИА) – Го осудуваме нападот врз православниот свештеник со грчко потекло во близина на црквата Благовештение во Лион, Франција, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција , јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додаваат дека се во континуиран контакт со надлежните француски власти. Денеска во Лион беше застрелан православен грчки свештеник. Починителот на делото моментално е во бегство,. Настанот се случи во 16 часот, кога свештеникот ја затворал грчката православна црква на Благовештение, во 7-миот арондисман во Лион. Свештеникот е во сериозна здравствена состојба, со животно-загрозувачки повреди. ср/ссм/

Остани поврзан