• понеделник, 23 декември 2024

Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во домашен базен

Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во домашен базен

Атина, 10 октомври 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Панатинаикос Џорџ Балдок е пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, објавија грчките медиуми.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за смртта на 31-годишниот Грк.

Фудбалерот не одговарал на повиците на неговата сопруга, по што таа го повикала сопственикот на вилата во која живеел Балдок за да дознае што се случило. Го пронашол 31-годишниот Грк без свест во базенот и веднаш повикал брза помош. Лекар констатирал смрт.

Искусниот дефанзивец речиси целата своја кариера ја мина во Англија, играјќи за МК Донс, Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед, пред летово да се пресели во Панатинаикос.

Балдок е и грчки репрезентативец од 2022 година, со 12 настапи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан