• среда, 27 ноември 2024

Грчкиот претседател одржа прием за дипломатскиот кор во Атина

Грчкиот претседател одржа прием за дипломатскиот кор во Атина
Атина, 3 февруари 2020 (МИА) - Над 100 амбасадори, вршители на должност и конзули, министри од грчката влада, претставници на опозицијата, присуствуваа на прием во претседателската палата во Атина, што традиционално го организира претседателот на Грција во чест на дипломатскиот кор, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот прием, воедно беше и последен за актуелниот грчки претседател Прокопис Павлопулос, со оглед на тоа дека неговиот мандат истекува следниот месец, а новоизбраната претседателка Екатерини Сакеларопулу на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата. Дипломатскиот кор свечено го прими грчкиот претседател и министерот за надворешни работи, а меѓу дипломатите присутна беше и вршителката на должност во амбасадата на Република Северна Македонија во Атина, Лидија Бошковска. Во претседателската палата, присутни беа претседателот на Парламентот, министерот за надворешни работи, министерот за миграција и азил, заменик министерката за труд и социјала, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, алтернативниот министер за миграција и азил, како и претставници од опозициската СИРИЗА, меѓу кои и поранешниот претседател на Парламентот и поранешниот министер за надворешни работи. ср/

Остани поврзан