• петок, 20 декември 2024

Грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2024 година

Грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2024 година

Атина, 17 декември 2023 (МИА) – Со 158 гласа „за“, сите од владејачката Нова демократија од вкупно 300 пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2024 година со што и заврши петдневната расправа што започна во средата, јави дописничката на МИА од Атина.

Против гласаа пратениците од сите опозициски партии.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас соопшти дека петдневната расправа траеше 66 часа, шест повеќе од лани, се обратија вкупно 220 пратеници, како и 34 членови на Владата.  

Буџетот меѓу другото предвидува мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти и намалување на невработенста на 10,6 проценти. 

На гласањето му претходеа говори на лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Изгласувањето на буџетот, традиционално, секоја година се смета како глас за доверба на актуелната Влада. ср/

Остани поврзан