Грчкиот заменик министер за транспорт пријави дека добил заканувачки пораки во пресрет на отворањето на метрото во Солун
- Илјадници луѓе се собрани, се подготвуваат да го расипат тоа што го подготвувате, ќе искршат сѐ задутре кога ќе дојде и Мицотакис, била пораката што ја добил заменик-министерот за транспорт на Грција Никос Тахиаос во пресрет на свеченото отворање на метрото во Солун закажано за сабота, како што самиот соопшти веднаш по пријавата доставена до надлежниот обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 28 ноември 2024 (МИА) – Илјадници луѓе се собрани, се подготвуваат да го расипат тоа што го подготвувате, ќе искршат сѐ задутре кога ќе дојде и Мицотакис, била пораката што ја добил заменик-министерот за транспорт на Грција Никос Тахиаос во пресрет на свеченото отворање на метрото во Солун закажано за сабота, како што самиот соопшти веднаш по пријавата доставена до надлежниот обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.
Тахиаос објасни дека пораката ја добил преку телефонски повик од висок претставник на солунски фудбалски клуб и затоа го информирал обвинителот во Солун од кој побарал да спроведе истрага за евентуално кривично дело.
-Добив телефонски повик од висок претставник на фудбалски клуб од Солун, кој ненадејно ми рече „види, илјадници луѓе се собрани, се подготвуваат да ви го расипат тоа што го подготвувате, сè ќе ви искршат задутре кога ќе дојде Мицотакис“ и ме замоли ова да му го пренесам на премиерот. Следуваше уште една комуникација со порака која го потврди она што претходно беше кажано. Ова не е порака што се пренесува до премиерот, тоа е порака што се пренесува до правдата. Побарав од судството да ја истражи можноста за кривични дела задутре кога ќе се отвори метрото, што како што знаете, е многу важен настан за градот, рече Тахиаос откако ја поднесе пријавата до обвинителот. ср/сд/