Грчката Влада прифаќа одржување предизборна ТВ дебата, но со учество на сите партиски лидери
- Нашта позиција е дека треба да се одржи ТВ дебата во која ќе бидат вклучени сите партии од Парламентот за да се слушнат сите ставови, рече портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 25 април 2023 (МИА) - Нашта позиција е дека треба да се одржи ТВ дебата во која ќе бидат вклучени сите партии од Парламентот за да се слушнат сите ставови, рече портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Скерцос индиректно го отфрли предлогот на СИРИЗА за одржување ТВ дуел меѓу Мицотакис и Ципрас во пресрет на изборите на 21 мај, објаснувајќи дека „треба на иста маса да се слушнат сите ставови, на сите партии“.
-За време на предизборниот период ќе има телевизиско соочување на лидерите на политичките партии. Премиерот го има поддржано ова. Сакаме да има ТВ дуел со партиите кои што имаа претставници во Парламентот, бидејќи ова демократски се наметнува. Треба да се слушнат ставовите на сите партии, рече Скерцос.
Портпаролката на СИРИЗА Попи Цапаниду, како што претходно објави МИА, рече дека до Меѓупартиската изборна комисија, во пресрет на парламентарните избори ќе достават барање за одржување два ТВ дуели на национално ниво, еден со сите политички лидери и втор меѓу премиерот во заминување и лидерот на опозиција. ср/сд/