• среда, 27 ноември 2024

Грчката Влада им нареди на приватните лекари да помогнат во јавното здравство

Грчката Влада им нареди на приватните лекари да помогнат во јавното здравство
Атина, 18 ноември 2021 (МИА) - Грчката Влада денеска им наредија на лекарите од приватниот сектор во пет региони во северниот дел на земјата да помогнат на здравствениот сектор кој се бори со зголемен број на инфицирани лица со Ковид-19. Грчката Влада претходно ги повика приватните лекари да помогнат откако грчките јавни болници и одделенијата за интензивна нега изминатите недели се преоптоварени со голем број новозаболени. Наредбата на грчката Влада е во сила еден месец. Грција вчера пријави 6.682 новозаболени и 87 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени од почетокт на пандемијата се искачи на 853.841 лица и 17.012 починати. Во Грција вакциниртани се околу 61 проценти од 11-милионското население. ми/

Остани поврзан