• понеделник, 23 декември 2024

Грчката амбасада во Анкара ќе испрати демарш поради вознемирување на брод за истражувања

Грчката амбасада во Анкара ќе испрати демарш поради вознемирување на брод за истражувања
Атина, 18 септември 2021 (МИА) – По наредба на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, биле дадени упатства до грчката амбасада во Анкара да достави демарш поради вознемирувањето од турски бродови на бродот за истражување „Nautical Geo“, како и за издавање нелегална Навтекс, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. -Овој континуиран турски став е целосно неприфатлив, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција. Според грчките медиуми, станува збор за француски брод што плови под знамето на Малта, и изведува истражувања источно од грчкиот остров Крит, а секогаш кога е вон територијалните води е попречуван  од турски воени бродови. ср/сд/

Остани поврзан