• понеделник, 23 декември 2024

Грција ќе набави 414 возила за противпожарната служба и цивилната заштита

Грција ќе набави 414 возила за противпожарната служба и цивилната заштита

Атина, 25 септември 2024 (МИА) – Договор за набавка на 414 возила за оперативните потреби на противпожарната служба и цивилната заштита на Грција, потпиша денеска надлежниот грчки министер Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за проект вреден 48,3 милиони евра, кој се реализира во рамките на програмата за противпожарна и цивилна заштита, а предвидува набавка на противпожарни возила, камиони и помошни возила од типот ВАН, пик-ап возила со двојна кабина 4×4, автобуси со 22 седишта, цистерни и сл.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, при потпишувањето на договорот со извршниот директор на Фондот за искористување на државниот имот, рече дека дел од возилата, најмалку 160 ќе ѝ бидат достапни на противпожарната служба пред сезоната на пожари во 2025 година, односно пред мај, а останатите се очекува да бидат испорачани до следниот август.

Дополнително посочи дека од возилата што во моментов ги има службата 85 отсто се стари помеѓу 10 и 49 години, а само 15 проценти се под девет години, нагласувајќи дека огромна е потребата од новите возила. ср/ссм/

Фото: Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција

Остани поврзан