• среда, 25 декември 2024

Грција надмина шест милиони аплицирани дози од вакцините

Грција надмина шест милиони аплицирани дози од вакцините
Атина, 5 јуни 2021 (МИА) – Пред малку надминавме шест милиони вакцинации, од почетокот на процесот, односно од 27 декември 2020 година, рече утрово генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, говорејќи на конференцијата за регионален развој во грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација истакна дека е постигната оперативната цел, која се поставува соодветно со пристигнувањата на вакцините. За вакцинацијата на островите, рече дека се одвива непречено и со подобрување на имунизациската покриеност. -На 69 острови со помалку од 10.000 жители во следните денови ќе се финализира вакцинацијата со многу добра стапка на имунизациска покриеност, со над 80 отсто, како пример можам да ги споменам Китнос, Сифнос. А на 19-те големи острови, со исклучок на Крит, кој го третираме како континентален дел, имаме значајно подобрување на имунизациската покриеност, објасни Темистоклеус. ср/ссм/

Остани поврзан