• недела, 06 октомври 2024

Гром ја погоди највисоката зграда во светот Бурџ Калифа (видео)

Гром ја погоди највисоката зграда во светот Бурџ Калифа (видео)
Дубаи, 12 јануари 2020 (МИА) - Највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, која се наоѓа во Дубаи, денеска беше погодена од гром. Во текот на викендот Обединетите Арапски Емирати се зафатени од поројни дождови, кои поплавија многу улици и предизвикаа метеж во сообраќајот. Поради невремето меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е еден од најфреквентните во светот, вчера ги откажа летовите. Авионите беа принудени да слетуваат на блискиот аеродром „Ал Мактум“. гт/ https://www.youtube.com/watch?time_continue=90&v=fM_XvLK65A8&feature=emb_title
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан