• понеделник, 23 декември 2024

Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи утре во Вашингтон.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата на САД, Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД.  Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.

Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан