• вторник, 24 декември 2024

Грковска: Никој не може да биде амнестиран од кривична одговорност

Грковска: Никој не може да биде амнестиран од кривична одговорност
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Никој не може да биде амнестиран од кривична одговорност, особено не носителите на власта, порачува Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење. - Очекувам професионално да си ја завршат работата и да не водат сметка дали станува збор за некое звучно име и презиме или пак за некој друг. Јасно е и сосема се согласувам со револтот во јавноста кога ќе слушнат дека има поинаков третман спрема некој што е позната јавна личност и тоа не секогаш политичар, туку и од бизнис секторот, кога има поинаков третман во, да речеме, во обвинителските и во судските случаи, да изјави некој „обичен“ граѓанин што за многу полесно дело има поинаков пристап, истакна во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24. Таа потенцира дека силно ги поддржува напорите на сите чесни одговорни и професионални луѓе да си ја завршат професионално работата. - -Да најдеме систем и механизам како тој оној мал дел што практично ја дава генералната слика за корумпираноста на нашето општество да го минимизираат, порача Грковска. Во однос на преименувањето на функцијата на која што е поставена од вицепремиерското место за борба против корупцијата во задолжена за политики за добро владеење појасни дека на креирањето на таквите политики се придава прилично голема важност од страна на меѓународната заедница, заради тоа што станува збор за обврски коишто тангираат широк дијапазон на области и која што бара партнерски однос во мапирање на проблемите во системот. -И преку партнерски однос изнаоѓање најдобар начин на којшто тие би можело да се надминат и со тоа обезбедување од легислативен аспект средство со коешто независните институции би можеле да го користат за нивното поефикасно функционирање. Она што ќе биде едно од активностите на овој кабинет, ќе биде креирање на антикорупциски политики. Во тој дел има континуитет со претходната улога на мојот колега Љупчо Николовски, рече Грковска. фф/лв/

Остани поврзан