• среда, 25 декември 2024

Грковска - Коп: Холандија останува посветен поддржувач на евроинтеграцијата на земјата

Грковска - Коп: Холандија останува посветен поддржувач на евроинтеграцијата на земјата
Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) - Волјата за продолжување на континуираната повеќегодишна соработка во насока на надградба на Планот за борба против корупцијата, вклучително со особена посветеност на дигитализацијата, независното и ефикасно правосудство и професионализацијата на надлежните институции, како и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет, беа во фокусот на денешната средба на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со холандскиот амбасадор во земјата, Дирк Јан Коп. Како што информира владината Прес-служба, упатувајќи ѝ честитки за мандатот, амбасадорот Коп истакна дека Холандија е еднакво важен партнер на Северна Македонија во НАТО и останува посветен поддржувач на напорите на земјата за интеграција во Европската Унија. Вицепремиерката Грковска оцени дека Холандија е еден од најголемите билатерални донатори и подвлече дека во наредниот период останува посветена на реализацијата на активностите, меѓу кои како основна база се отчетноста, чесното работење, антикорупцијата и владеењето на правото, како основни и напредни принципи на добро управување и како основа на политиките на оваа Влада. ар/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан