• недела, 22 декември 2024

Гринвуд сака да игра на Светското во 2026 година, ќе разговара со Тухел во наредните недели

Гринвуд сака да игра на Светското во 2026 година, ќе разговара со Тухел во наредните недели

Марсеј, 20 октомври 2024 (МИА) - Ѕвездата на Марсеј, Мејсон Гринвуд се надева дека во наредните недели ќе разговара со Томас Тухел за можно враќање во националниот тим. Талентираниот напаѓач забележа еден натпревар со тимот на „трите лава“, но набргу потоа, во следниот камп, беше суспендиран поради нарушување на дисциплината заедно со Фил Фоуден.

Набргу потоа дојде неговото апсење и последователните обвиненија за семејно насилство и обид за силување, кои подоцна беа отфрлени. Во тоа време Гринвуд беше играч на Манчестер Јунајтед, но тоа лето „Олд Трафорд“ официјално го продаде на францускиот тим. Настапот на играчот во Марсеј е одличен и досега има пет гола на осум натпревари и една асистенција.

Самиот Томас Тухел оваа недела и официјално беше назначен на чело на Англија со договор на 18 месеци, но тимот ќе го преземе од јануари.

-Мејсон е свесен дека неговите шанси повторно да игра за Англија се мали, но тој сака да разговара со ФА и Тухел по неговото назначување за да види што мислат тие. Решен е да игра на високо ниво, а тоа значи Светско првенство. Така, ако Англија не е заинтересирана за него, тогаш тој ќе се обиде да игра за Јамајка во обид да дојде со нив на претстојното Светско првенство во 2026 година, изјави извор близок до играчот за весникот „Сан“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан