• сабота, 23 ноември 2024

Гризман ќе пропушти натпревар со Франција за прв пат по 2017 година

Гризман ќе пропушти натпревар со Франција за прв пат по 2017 година

Париз, 19 март 2024 (МИА) - Францускиот фудбалер Антоан Гризман ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари на неговата репрезентација поради повреда на скочниот зглоб.

Така, 32-годишниот Французин нема да игра за француската репрезентација првпат по 2017 година. Тој одигра 84 натпревари без да пропушти ниту еден натпревар на „триколорите“.

Француската репрезентација на 23 март ќе игра против Германија, а на 26 март ќе се сретне со Чиле. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан