• петок, 05 декември 2025

Гризман го продолжи договорот со Атлетико

Гризман го продолжи договорот со Атлетико

Мадрид, 2 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид објави попладнево дека ја продолжил соработката со францускиот напаѓач Антоан Гризман, кој ќе остане во клубот до јуни 2027 година.

Актуелниот договор на најдобриот стрелец во историјата на Атлетико истекуваше во лето 2026 година.

Гризман е член на Атлетико од 2014 година, со пауза помеѓу 2019 и 2022 година, кога настапуваше Барселона. За мадридскиот клуб Гризман постигна 197 голови во девет сезони со што е најдобар стрелец на клубот на сите времиња, надминувајќи ја легендата на Атлетико, Луис Арагонес (173).

Оваа сезона, 34-годишниот Гризман одигра 53 натпревари за Атлетико, постигнувајќи 16 голови.

Атлетико ја заврши сезоната на третото место во шпанското првенство и обезбеди пласманот во Лигата на шампиони.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан