• среда, 25 декември 2024

Грета Тунберг пишува книга за климатските промени

Грета Тунберг пишува книга за климатските промени
Стокхолм, 1 април 2022 (МИА) - Шведската климатска активистка Грета Тунберг соопшти дека планира во октомври да објави обемна книга за климатските промени и оти собрала повеќе од сто соработници да работат со неа на тоа. „Решив да ја искористам мојата платформа за да направиме книга заснована на најдобрата достапна наука во мигов - книга која холистички ги опфаќа климатските, еколошките и кризите за одржливост. Поканив повеќе од сто луѓе ширум светот - научници, активисти и писатели, да создадат книга што ќе ги опфати климата и еколошката криза од сеопфатни гледишта“, напиша Тунберг на Твитер. Климатските промени се еден од неколкуте признаци на пошироката криза на одржливост, според неа. Тинејџерката се надева дека книгата ќе послужи како референца и за други, специфични кризи. Според наводите, меѓу авторите ќе бидат климатските истражувачи Јохан Рокстром и Кетрин Хејхо, економистот Томас Пикети и писателката Маргарет Атвуд. Книгата треба да излезе во октомври во Велика Британија.  си/ми/

Остани поврзан