Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон
- Климатската активистка, шведската тинејџерка Грета Тунберг го смени своето име на Твитер во Шерон, по квизот во кој учесничка го згреши нејзиното име.
Лондон, 4 јануари 2020 (МИА) - Климатската активистка, шведската тинејџерка Грета Тунберг го смени своето име на Твитер во Шерон, по квизот во кој учесничка го згреши нејзиното име.
На прашањето за време на квизот „Мастермајнд“ на Би-Би-Си, актерката Аманда Хендерсон за името на тинејџерката која е климатска активистка одговори дека е „Шерон“ и нејзиниот одговор на социјалните мрежи е виден повеќе од пет милиони пати.
Веднаш по квизот и Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон.
Покрај името, таа ги смени и годините, бидејќи во петокот наполни 17 години, а роденденот го прослави со протест пред зградата на шведскиот Парламент во Стокхолм. паг/