• сабота, 23 ноември 2024

Грета: Ова не е новото нормално, ќе продолжи

Грета: Ова не е новото нормално, ќе продолжи
Стокхолм, 19 јули2021 (МИА) - Најпознатата млада активистка за заштита на природата, Грета Тунберг,  по повод катастрофалните поплави што го погодија западниот дел на Европа, предупреди дека сè што се случува не е „новото нормално“ и дека климатската криза нема да може да се спречи, „доколку не се справиме со проблемот со климатските промени“. „Смртоносна топлина, поплави, бури, шумски пожари, суши, пропаднати посеви ... Ова не е новото нормално“, напиша Грета на својот Фејсбук профил. Таа исто така предупреди дека се наоѓаме на почеток на климатските и еколошките опасности и дека екстремните временски прилики ќе станат се почести. „По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за климатски вонредни состојби, и тоа со право. Но, штом ќе завршат овие трагедии, најверојатно ќе го заборавиме тоа и ќе продолжиме како порано", напиша Грета. паг/
 

Остани поврзан