• сабота, 23 ноември 2024

Грета Гервиг во мигов не планира продолжение на „Барби“

Грета Гервиг во мигов не планира продолжение на „Барби“

Лос Анџелес, 26 јули 2023 (МИА) - Режисерката Грета Гервиг во интервју за „Њујорк тајмс“ открива дека во мигов не планира продолжение на филмот „Барби“.

- Така се чувствувам на крајот од секој филм - како никогаш да не би имала друга идеја и сè што некогаш сум сакала да правам, сум направила. Не би сакала да уништам ничиј сон, но за мене ова значи дека можноста за втор дел е - нула!, изјави Гервиг.

„Барби“ заработи 155 милиони долари во САД во првиот викенд од прикажувањето, што е и најдобро викенд-остварување на жена-режисерка. Натаму во интервјуто, Гервиг, која го напиша и сценариото заедно со нејзиниот партнер Ноа Баумбах, рече дека „нема зборови“ за треската околу филмот за куклата „Барбика“.

- Бев во Њујорк и го минав четвртокот и петокот само проверувајќи разни киносали, уверувајќи се дека сликата изгледа убаво и се обидував да не се обземам со контролата, што е тешко. Но, искрено, беше неверојатно при прошетките да гледам луѓе во розово. Ни во моите најлуди соништа не замислував вакво нешто, изјави Гервиг.

Гервиг сега работи на уште еден долгоочекуван филм - „Снежана“. Режисерката-сценаристка ја напиша и оваа адаптација на приказната на „Дизни“, со Рејчел Зеглер во насловната улога, Гал Гадот како Злобната кралица итн. Филмот треба да го режира Марк Веб. „Снежана“ треба да се појави во кината вгодина.  си/

Фото: МИА архива, Википедија.

Остани поврзан