• сабота, 23 ноември 2024

Грег Попович може да ја напушти функцијата главен тренер на Сан Антонио по завршувањето на сезоната

Грег Попович може да ја напушти функцијата главен тренер на Сан Антонио по завршувањето на сезоната
Сан Антонио, 9 октомври 2021 (МИА) - Грег Попович може да се повлече од тренерската функција во Сан Антонио по завршувањето на сезоната 2021/22, пишува инсајдерот на „Bleacher Report“ Џејк Фишер. Седумдесет и двегодишниот кошаркарски стручњак треба да победи уште 26 натпревари за да го сруши рекордот на Дон Нелсон и да избие на врвот во историјата на НБА по бројот на победи како тренер. Попович сега е на третото место со 1.310 победи, зад Дон Нелсон (1.335) и Лени Вилкенс (1.332). Актуелниот помошник тренер на Бостон, Вил Харди се смета за најверојатен кандидат за наследник на Попович во случај на негово заминување. Поранешните играчи на Спарс, Тим Данкан и Ману Џинобили исто така, претендираат на тренерското место на тимот од Тексас. зс/

Остани поврзан