• понеделник, 23 декември 2024

Грег Попович може да остане во Сан Антонио уште една сезона

Грег Попович може да остане во Сан Антонио уште една сезона
Сан Антонио, 14 април 2022 (МИА) – Сан Антонио спарс загуби рано утрово од Њу Орлеанс 103:113 во плејин натпревар и ја заврши НБА сезоната 2021/22. Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, по натпреварот изјави дека во моментов не е подготвен да разговара за идните планови. Според инсајдерот Марк Стајн, голем број претставници на Спарс веруваат дека Попович ќе остане уште една сезона. Во исто време сите во клубот велат дека само самиот 73-годишен тренер може точно да одговори на ова прашање. Оваа сезона беше 26-та за петкратниот шампион во НБА на чело на клубот од Тексас. Во текот на регуларниот дел од сезоната, Попович стана рекордер во лигата по бројот на победи. зс/

Остани поврзан