Грег Попович закрепнува од мал мозочен удар добиен на 2 ноември
- Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.

Сан Антонио, 13 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.
Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено.
Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон. зс/
Фото: ЕПА