• четврток, 28 ноември 2024

Грегори: Се очекува оваа година барањата за азил во ЕУ да надминат еден милион

Грегори: Се очекува оваа година барањата за азил во ЕУ да надминат еден милион

Брисел, 26 декември 2023 (МИА) - Вкупниот број барања за азил регистрирани во ЕУ годинава ќе достигне „над еден милион“, соопшти денеска шефицата на Европската канцеларија за поддршка на азил, Нина Грегори, јави ДПА.

Во октомври е регистриран најголем месечен број на барања за азил во последните седум години - околу 123.000 барања. Во моментов, вкупното население на 27-те земји-членки на ЕУ е речиси 450 милиони луѓе.

Според шефицата на европската канцеларија со седиште во Малта, не се очекува значително да се намали бројот на баратели на азил во следните неколку години.

„Светот околу нас станува се понестабилен. Затоа, потребата луѓето да бараат заштита нема да се намали во 2024 година и понатаму,  изјави Грегори за германската медиумска група „Функе“.

Според податоците на Европската служба, до крајот на октомври во ЕУ биле регистрирани 937.000 барања за азил, што е зголемување за 22 отсто во однос на истиот период лани. Конечните бројки за 2023 година ќе бидат познати дури следната година.

Германија останува најважна дестинација за барателите на азил во земјите на ЕУ, а потоа следат Франција и Италија. паг/

Фото: Фејсбук
 

 

Остани поврзан