• среда, 25 декември 2024

Граѓанскиот сектор во Албанија најавува референдум за морската граница со Грција

Граѓанскиот сектор во Албанија најавува референдум за морската граница со Грција
Тирана, 5 септември 2020 (МИА) – Прашањето околу морската граница меѓу двете земји, по изјавата на грчкиот премиер Мицотакис дека неговата земја ќе се проширува со 12 милји во Јонско Море, предизвика реакции не само на албанската политичка сцена туку и кај граѓанскиот сектор, јави дописничката на МИА од Тирана. Во врска со ова прашање седумчлена делегација претставници на граѓанското општество остварија средба со претседателот Илир Мета, на која се пожалиле дека нема транспарентност од страна на владата и најавиле дека ќе побараат референдум. - Сфативме дека сите досегашни скици, фотографии, вести, албанската граѓанска страна, која не е мала, туку има три милиони жители, се земени од дискусиите на грчкиот Парламент. Можам да кажам дека 99 отсто од населението во Албанија се уште не знаат што се се преговарало во она што се нарекува нацрт-договор, изјави по средбата Сазан Гури. Тој додаде дека од Мета побарале да не се двоуми по ова прашање и го „предупредиле на можноста за референдум, доколку утврдат прекршувања“. -Доколку претседателот се двоуми, ние имаме можност и способност да собереме албански експерти, чесни граѓани и тоа ќе бараме преку референдум, народно собрание, мирно да се изјасниме по ова прашање. Јонско Море е море на мирот меѓу двата народа и не може за атер на некои политичари да се донесат во конфликт двата народа, двете земји, порача Гури. На реакциите,во кои се обвинува дека на Грција и подарил дел од албанската морска шир, премиерот Еди Рама изјави дека не постои никаков таен договор, а претседателот Илир Мета побара од него официјална информација во врска со ова прашање. Во меѓувреме, најавено е набрзо во Тирана да допатува грчкот министер за надворешни работи кој со албанската страна ќе разговара за обновување на преговорите за морската граница. вт/

Остани поврзан