• среда, 25 декември 2024

Граѓани и фирми од Велес, производители на електрична струја со фотоволтаични панели се жалат од ЕВН

Граѓани и фирми од Велес, производители на електрична струја со фотоволтаични панели се жалат од ЕВН

Велес,18 август 2023(МИА) - Револтирани граѓани и фирми се жалат дека ЕВН киловат  електрична енергија  која граѓаните ја превземаат од нивниот систем за наплатува 11,05 денари за киловат, плус за транспорт.

Од друга страна енергијата која ЕВН ја превзема од граѓаните и фирмите  како вишок електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија како фотоволтаични панели ,ЕВН од нив ја откупува  по минимална цена од 0,46 денари за киловат.

Тие појаснуваат дека се работи за диспаритет во цена која е за дури 24,5 пати поскапа продадената во однос на откупената од нив.

Воедно прашуваат до надлежните зошто дозволата ЕВН да ги ограбува граѓаните и фирмите кои самите се произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија,а за што вложиле огромни суми на средства.

Тие ваквата констатација со увид на сметките испратени до нив ја доставиле до увид и до Регулаторната комисија за енергетика, но веќе скоро еден месец немаат добиено одговор од нив.

Со прилог на сметката за потрошена и продадена електрична енергија издадена од ЕВН ,еден од револтираните граѓани , а  кој со фотоволтаични панели сам  си произведуваат електрична  струја посочува пример    дека за продаден  вишок од 4300  киловати  тој од ЕВН добил само 1978 денари

Од друга страна  за потрошени минимални  104 Киловати на ЕВН треба да им плати околу 2 илјади денари,а  колку што тој добил пари  за произведени 4300 киловати, што според оштетениот граѓанин е вистински апсурд.

Затоа овие граѓани и фирми  кои имаат сопствени обновливи извори на енергија,  бараат од државата и надлежните да ги заштите од   ЕВН односно од  кражбите врз нив,што го вршат   во цените на произведена односно откупена електрична  енергија.сд/свс

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан