• сабота, 20 јули 2024

Граѓаните на Струмица избираат приоритетни развојни програми и проекти

Граѓаните на Струмица избираат приоритетни развојни програми и проекти
Струмица, 22 ноември 2022 (МИА) - На првата сесија од програмата „Форуми во заедницата-Буџетски форум во Oпштина Струмица 2022/2023 година“ граѓаните од урбаните и месните заедници, претставници на невладиниот и бизнис секторот избраа три приоритетни развојни програми. Тие се организирање на јавен превоз на територијата на Општина Струмица, субвенционирање на енергетски ефикасни фасади како и поставување на фотоволтаици на институции под надлежност на Општина Струмица и изградба на нова современа урбана опрема во градот и населените места и воведување на интегриран систем за управување со отпад со изградба на полуподземни контејнери кои ќе бидат наменети за селекција на отпад. Овие програми пред граѓаните ги образложи градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека Форумот во заедницата и креирањето на граѓанските буџети во Струмица преминува во традиција и за него е чест да соработува со такви граѓани какви што ги има Струмица. -Општина Струмица веќе реализира сериозни, многу обемни капитални проекти.Тука е социјалната населба, тука е мостот, новите улици, сето тоа се проекти коишто се од витално значење за граѓаните, но сепак остануваме посветени и подготвени на крајот од денот јас како градоначалник морам да ја имам мојата визија за Струмица свесен за сите предизвици со коишто ќе се соочуваме, а за кои ќе ги запознаам и граѓаните, како и за проектите кои природно ни се наметнуваат и сметам дека треба да бидат имплементирани, рече Костадинов. Тој го промовираше и концептот за јавен превоз, односно Струмица да биде прва во имплементацијата на целосен електричен јавен превоз. - Јас сум оптимист дека граѓаните ќе дадат поддршка, потоа и Советот ќе ја донесе вистинската одлука. Јас сум сигурен дека ќе ја дадат поддршката и ќе бидеме прв град во државата кој ќе го има тоа имплементирано, додаде струмичкиот градоначалник. Инаку, втората форумска сесија ќе се одржи вечер, а на неа треба да се донесе одлука кои три иницијативи од предложените приоритетни развојни програми ќе се прифатат и ќе бидат составен дел на буџетот за наредната година. рт/дма/

Остани поврзан